Адвокатската комора нема да поведе дисциплинска против колегата Страшевски

549

Адвокатската комора нема да поведе дисциплинската постапка против адвокатот Јовица Страшевски, по пријава на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.

Во пријавата, Џолев го бовинува адвокатот Страшевски вршел притисоци и закани кон судот и ја навредувал работата на останатите адвокати.

Адвокатската комора констатирала дека не постои основано сомнение за сторена дисциплинска повреда од страна на Страшевски.

 

„Доколку Џолев смета оти со дејствијата на адвокатот е причинета штета или е повредено некое право, може да побара судска заштита“, се наведува во заклучокот на  Адвокатската комора.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...