Познат инфлуенсер осуден на 50 години затвор, киднапирал угледна адвокатка

Герман Абрахам Лоера Акоста бил еден од шесте мажи кои киднапирале 33-годишна адвокатка во мексиканската држава Чивахуа и ја присилиле да влезе во нивниот автомобил.

849

Мексиканскиот јутјубер Герман Лоера (25) е осуден на 50 години затвор за организирање на киднапирање во февруари 2018 година.

Герман Абрахам Лоера Акоста бил еден од шесте мажи кои киднапирале 33-годишна адвокатка во мексиканската држава Чивахуа и ја присилиле да влезе во нивниот автомобил, пишува Би-би-си.

Ја однеле во куќа изнајмена од Лоера, каде ја држале и барале 2 милиони пезоси во биткоини (околу 100.000 долари).

Полицијата ја спасила киднапираната жена два дена подоцна и во исто време ги уапсила четворицата киднапери. Покрај затвор, сепак треба да платат и половина милион пезоси казна, пренесува Би-Би-Си.

Генералниот јавен обвинител на Чивахуа, Цезар Пениче изјави дека Лоера е личност која е добра во комуникацијата преку интернет преку кој преговарал за условите, но на крајот истиот ден им се влегло во трагата на биткоините.

Лоера е поранешен инфлуенсер кој го поседува каналот LoeraMX на Јутјуб и бил извршен директор на фирма за маркетинг и дизајн. Тој зборувал на Јутјуб за маркетинг и бизнис, а во неговиот опис се вели дека „умот е единственото нешто што нè ограничува“.

Тој со своите придружници споделувал мотивациски совети за тоа како да го подобрат својот професионален и личен живот.

„Вие не сте иднина, вие сте сегашност, затоа живејте и постапувајте соодветно. Можеме да ја претвориме оваа земја и овој свет во нешто посебно“, е еден од неговите совети.

Тој одржува мотивациски говори и учествуваше на Светскиот конгрес на млади лидери за мир во светот.

FOTO: GermánLoeraMX / YOUTUBE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...