АВМУ: Затворските казни за новинари водат до автоцензура

72

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) изрази загриженост во врска со шестмесечната условна затворска казна за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски, поради оддавање службена тајна.

Во соопштението е наведено дека изрекувањето затворски казни за новинари кои информираат за теми од висок јавен интерес може да доведе до појава на автоцензура, а со тоа и до нарушување на слободата на информирање, слободата на изразување, но и на поширокиот јавен интерес.

„Една од суштинските задачи на медиумите е токму јавниот надзор над работата на политичките и јавните органи преку кој се гарантира нивната одговорност и транспарентност. Истовремено, потсетуваме дека медиумите при вршењето на својата работа мора да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди“, наведено е во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...