Авионот со кој финскиот хокеарски национален тим се врати во својата татковина по триумфот на Светското првенство беше придружуван од борбени авиони „ловци“.
Фотографија на Твитер е објавена од страна на компанијата „Фин Ер“.
Не е соопштено дали „ловците“ се ангажирани поради безбедносни причини или во чест на шампионите.
Во финалето на Мундијалот, пред два дена Финска ја победи Канада со 3:1 и по трет пат стана светски шампион.