Снимката од тепањето на Села ослободи еден обвинет и го смени обвинението
loading...
Обвинителот Дарко Јакимовски го повлече обвинителниот акт против Сашо Сенков, еден од десетте обвинети во случајот за обидот за убиство на Зијадин Села.
Судот одлучи да се запре постапката против Сенков со што тој излегува на слобода.
На ваков чекор обвинителството се одлучи откако на минатото рочиште беше презентирана нова снимка. Обвинителот рече декан на анализиран секоја секунда и од тоа не произлегува дека тој извршил насилство врз Села или дека ги охрабрувам и поттикнувал.
Поради снимката која бика споредбена со другите снимките и времето на дејствијата обвинителот го смени и описот на дејствија на сите обвинети, а за двајца, Цео Ѓорѓиевски и Стојан Павлески, направи преквалификација од делото односно од обид за убиство го смени во насилство.
За останатите седум обвинети и покрај примена во описот на тоа што го правеле, останува истото дело, убиство.
Ваквите промени во случајот доаѓаат пред да се кажат завршните зборови во случајот.