„Ми треба пропусница за твојот задник!“ – му напиша Кејти Пери на Орландо Блум

– Мене ми треба сезонска пропусница за тој твој сладок задник – напишала покрај плакатот на претставата во која Орландо се соблекува сосема гол.

1124

Со оглед на тоа дека е на светска турнеја, пејачката Кејти Пери (33) извесно време ќе треба да помине далеку од своето момче, актерот Орландо Блум (41), кој ја има улогата во претставата „Killer Joe“ во Лондон.

Но, турнејата не ја спречила Кејти да покаже колку копнее по Орландо. Имено, „несакајќи“ и „летнал“ коментарот на неговиот профил на социјалните мрежи.

– Мене ми треба сезонска пропусница за тој твој сладок задник – напишала покрај плакатот на претставата во која Орландо се соблекува сосема гол.

Пејачката по неколку минути додала дека тоа не сакала да го објави јавно туку сакала на актерот да му испрати приватна порака.

„Упс, мислев да ја испратам само Орландо да ја види“, напишала Кејти.

Орландо во моментот е во Лондон каде во продукцијата на Вест Енд го толкува главниот лик во претставата „Killer Joe“, режиран по истоимената книга на авторот, сценарист и актер Трејси Летс.

Пејачката е во Европа на светската турнеја „Сведок“ која ја завршува дури во август, со концерт на Нов Зеланд.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...