Патолошките амбиции донесоа „тандеми” во СДСМ, а ако се подзасили тепачката, може и до „тројки” и до „квартети” да стасаме.
Секоја сличност со „Квартет”, дело на Хајнер Милер, базирано на вонвременскиот роман од скандалозниот писател Пјер Шодерло Де Лакло, „Опасни врски”, ќе стане видлива релативно брзо.
Во романот се раскажува за перверзните игри на двајца благородници, кои на валкан начин се обложуваат да заведат млада девојка, да ја искористат и да ја отфрлат.
Првичната одредба е дека романот раскажува приказна со морална поука, но според повеќемина, нагласокот е повеќе врз декаденцијата на француската аристократија кратко пред Француската револуција, фрлајќи светло врз перверзиите на стариот француски поредок.
(ФБ статус на авторката)