Гарванлиев ја промовираше евровизиската песна: „You“ е покана за танцување ВИДЕО

Не случајно го одбрав денешниот датум 8 март да ја промовирам песната - изјави Гарванлиев, напомнувајќи дека во неговиот живот најголема улога играле жени.

630

Евровизиската песна „You“ , со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-то издание на Евровизија во Ротердам беше промовирана вечерва во главниот информативен блок на МТВ 1.

„You“ е со брз, модерен ритам, со призвуци на аргентинско танго, и етно елементи вклучени во рефрените.

– Не случајно го одбрав денешниот датум 8 март да ја промовирам песната – изјави Гарванлиев, напомнувајќи дека во неговиот живот најголема улога играле жени.

Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.

Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а фотографијата и монтажата се дело на Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.

– „You“ ја доживувам како покана за танцување, покана да се конектираме, да го славиме живoтот и сегашниот миг. Без разлика што и да ни се случува во моментот – продолжете да играте во ритамот на животот. Сведоци сме дека не живееме во идеално време, но постојат магични моменти кои поминуваат без да ги забележиме и залудно ги трошиме. Длабоко верувам дека сѐ започнува од нас и дека ние сме првиот чекор, кој за другите може да значи инспирација и почеток на нова приказна. Секој од вас ќе има прилика на свој начин да ја доживее оваа песна и ги очекувам сите ваши коментари да ги споделите и да ги тагнете нашите официјални хаштази: #VasilG #YOU #OpenUp #ESC2020“ – вели Гарванлиев за YOU.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...