Во Франција се собраа 3.500 штрумфови

68
strumfovi

Организаторите на карневалот во Ландерно  во Бретања се задоволни, бидејќи успеаја да го соборот светскиот рекорд за најголем собир на штрумфови.

Според пребројувањето, кое сè уште мора да биде потврдено од судски извршител, кој своите заклучоци ќе ги испрати до Гинисовата книга на рекорди, околу 3.500 лица преправени според многу строги критериуми како штрумфови, штрумфета или дури и веле штрумфот, одговориле на повикот.

 

Досега рекордот го имаше градот Лаухринген, во Германија, кој минатата година успеа да собере 2.762 Штрумфови. Собирот се одржа и покрај ризикот од новиот коронавирус, за кој учесниците со многу хумор рекоа дека ќе го „штрумфираат“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...