МНР за снимањето во Австралија: Недопустливи и сериозни прекршоци, најскоро ќе се казнат

866

Министерството за надворешни работи, како институција директно поврзана со процесот на гласање на дијаспората во македонските Дипломатско-конзуларните претставништва, најостро го осудува објавувањето на снимки на социјални медиуми како и навредите кон македонски граѓани во Австралија, кои решиле да излезат и да гласаат на референдумот, реагираат од МНР.

„Ова претставува директно прекршување на основното демократско право на гласање, но и влијание врз референдумскиот процес, како и прекршување на правото на приватност за време на гласање. Каков било обид за влијание или притисок врз гласачите на денот на гласање за референдумот е недопустливо. Локалните власти во Австралија се веќе известени за немилиот настан. Овие сериозни прекршоци се недопустливи и во најскор можен рок ќе се преземат сите законски мерки за санкционирање на чинителите“, наведуваат од Министерството.

Оттаму повторуваат дека никој нема право да навредува и никој нема право да спречува и со тоа директно да влијае врз гласачкиот процес односно врз граѓани кои одбрале да го исполнат своето демократско право и да гласаат на референдумот.

Повеќе за случувањата во дијаспората:

СКАНДАЛ Бојкотирачи снимаат и објавуваат „предавници“ кои гласаат во Австралија ВИДЕО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...