Спасовски: Ако некој ве снима и ве извикува по име и презиме, пријавете

1188

Доколку забележите дека некој ве снима, го извикува на глас вашето име и презиме, или на било кој начин го попречува вашето право да гласате, веднаш пријавате на 192 или на полицискиот службеник во близина на вашето гласачко место. Доколку вашата фотографија се појави на социјалните мрежи, пријавете на cybercrime@moi.gov.mk, повика министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на социјалните мрежи.

Ваквите повици следуваат по скандалозните објави на социјалните мрежи. Како што веќе информиравме, бојкотирачите во Австралија со мобилни телефони ги симаа граѓаните од дијаспората кои од утрово излегоа да гласаат. Им извикуваа „предавници“ и ги објавуваа со име и презиме на Фејсбук.

И МВР преку официјално соопштение посочи дека утре во Македонија нема да толерираат снимање и фотографирање и какво било нарушување на тајноста на гласањето.

Повеќе за случувањата во дијаспората:

СКАНДАЛ Бојкотирачи снимаат и објавуваат „предавници“ кои гласаат во Австралија ВИДЕО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...