Кина ќе ги казнува сите кои не ги почитуваат наредбите против коронавирусот

Вирусот се проширил во сите 31 провинција во земјата.

147

Кинеската комисија за надзор соопшти дека  најостро ќе ги казни сите државни службеници и функционери кои на своите работни места нема да ги почитуваат мерките пропишани во борбата против коронавирусот.

Во соопштението на Главниот инспекторат се наведува дека сите кои нема да ги почитуваат и извршуваат упатствата на кинескиот претседател Си Џинпинг во борбата против коронавирусот ќе бидат казнети, пренесоа британските медиуми.

Инспекторатот, исато така, наведува дека ќе биде казнет секој кој не ја извршува својата должност и ги злоупотребува средствата и материјалите наменети за спасување.

Од коронавирусот во Кина досега починаа 170 лица, а заболени се повеќе од 7.700.

Кинеските здравстени власти денеска соопштија дека вирусот се проширил во сите 31 провинција во земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...