Битолчанец со клоци, шлаканици и закани со месеци ја малтретирал сопругата, полицијата му забрани да ѝ се приближи

659

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против едно лице за продолжени кривични дела „загрозување на сигурноста и неизвршување судска одлука, како и телесна повреда“.

– Лицето на возраст од 31 година е обвинето дека во периодот од 18 октомври до 1 декември 2019 година, во осум наврати, при вршење семејно насилство и со закани, ја загрозил сигурноста на оштетената, негова сопруга – информираат од Обвинителството.

Оттаму велат дека обвинетиот продолжил да ја пресретнува и да и се заканува на оштетената иако со правосилното решение на Основниот суд Битола од 20 ноември 2019 година му биле изречени привремени мерки на заштита и тоа: забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство кон оштетената, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира, контактира и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метра до работното место на оштетената.

– На 28 ноември минатата година, ја пресретнал оштетената и го одзел мобилниот телефон, ја удрил со шлаканици и клоци и започнал да ја трга за раката. Оштетената паднала на земја и се здобила со телесна повреда, набиеници во пределот на лицето, левата рака и телото. Ценејќи ги сите околности во предметот, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Битола поднесе и Посебен предлог за определување мерка притвор за обвинетиот – велат од Основното јавно обвинителство- Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...