ЗОИ 2018: Сите освојувачи на медали од четвртиот ден во Пјончанг

92

Четвртиот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг донесе големи возбудувања, откако репрезентативците на Канада, Холандија и Олимписките спортисти од Русија освоија по три сета медали.

Денеска се појави и првиот Македонец на Зимската олимпијада во Пјонгчанг. На квалификациската трка спринт класично на 1,4 км. Ставре Јада заврши на 80. место.

Освојувачи на медали од четвртиот ден од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг (8 финалиња):

Сноуборд, „халфпајп“, жени:

1. Клоуи Ким (САД) – 98,25 поени

2. Џијау Лиу (Кина) – 89,75

3. Ариел Голд (САД) – 85,75

Ски-алпски дисциплини, комбинација, мажи:

1. Марсел Хиршер (Австрија) – 2: 06.52 минути

2. Алекси Пинтуро (Франција) – + 0,23 секунди

3. Виктор Муфе-Јанде (Франција) – + 1.02 секунди

Карлинг, мешани тимови:

1. Канада

2. Швајцарија

3. ОА Русија

Крос-кантри скијање, класичен спринт, жени:

1. Стина Нилсон (Шведска) – 3: 03.84

2. Мајкен Каперен Фала (Норвешка) – 3: 06.87

3. Јулија Белорукова (ОА Русија) – 3: 07.21

Крос-кантри скијање, класичен спринт, мажи:

1. Јоханес Клаебо (Норвешка) – 3: 05.75

2. Федерико Пелегрино (Италија) – 3: 07,09

3. Александар Болшунов (ОА Русија) – 3: 07.11

Брзо лизгање, 1.500 метри, мажи:

1. Келд Нијс (Холандија) – 1: 44.01 минути

2. Патрик Руст (Холандија) – 1: 44.86

3. Ким Мин Сок (Република Кореја) – 1: 44.93

„Шорт-трек“, 500 метри, жени:

1. Аријана Фонтана (Италија) – 42.569 секунди

2. Јара ван Керкхоф (Холандија) – 43.256

3. Ким Бутен (Канада) – 43.881

Санка, жени:

1. Натали Гејзенбергер (Германија) – 3: 05.232 минути

2. Дијана Ајтбергер (Германија) – 3: 05.599

3. Алекс Гоф (Канада) – 3: 05.644.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...