Злосторниците се вратија на местото на злосторот!

Вмронскиот бик на кој му е извадено срцето и во меѓувремето пред да тресне на земја, како во некаков слоумоишн, сѐ уште пасе македонска трева, мука и се заканува.

2091

Со тоа што не отидоа на целосна инкриминација на ВМРО-ДПМНЕ и на затворање на комплетното раководство со сѐ следните пет ешалони, за што имаа не само несоборливи аргументи и докази туку и уставна, законска, политичка, морална и историска обврска, СДСМ направија и сѐ уште се на таа трага, напор кон воспоставување на минимални основи за некакво национално помирување.

Јас сум противник на таа политика, но, тоа е тоа, тука не оценуваме колку е таа политика убава или добра. Но, вмронскиот бик на кој му е извадено срцето и во меѓувремето пред да тресне на земја, како во некаков слоумоишн, сѐ уште пасе македонска трева, мука и се заканува, те ќе влезеле на голема врата во Собранието што пред некој месец и физички и институционално го девастираа, те немале да влезат, те ќе влезеле со сто милиони амандмани, те со интерпелација, тие ја сметаат власта што не ги апси и забранува, за непријателска и окупаторска формација.

Тие немаат ниту еден гест во насока на помирувањето затоа што помирувањето за нив ќе биде епски пораз, односно затоа што во помирувањето дефинитивно неуспешно ќе заврши нивната антимакедонска мисија. Ако на тоа ги додадеме минималните правни стандарди на инклузивноста, сѐ станува јасно затоа што и во најлабавите правни критериуми, сите треба да завршат в затвор. Злосторниците се вратија на местото на злосторот со две идеи: прво, со општо просерување да ги затрупаат трагите на злосторот од 27 април, што, се разбира е идеја што може да им текне само на политички кретени и, второ, да продолжат со традиционалното поставување на мини под европската пруга на Македонија. Идеалот на Македонија треба да биде никогаш да не стапнат, не во Собранието, туку и во последниот полски ќенеф, ако во него има макар малку власт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...