Европскиот шампион Реал Мадрид имал можност да го привлече напаѓачот на Рома, Един Џеко за време на зимскиот трансфер период, открива „Марка“.
Според изданието, мадридскиот клуб влегол во контакт со 32-годишен репрезентативец на БиХ.
Последниот збор за трансферот на Џеко во Реал сепак го имал Зинедин Зидан, но тренерот на „белите“ рекол „Не“.
Интерес за напаѓачот во зима исто така имаше и од Челзи, но како во Реал, така и на „Стемфорд Бриџ“, напаѓачот би бил „втора виолина“.