Петта седница на централниот одбор на СДСМ. Се дискутира за актуелната состојба во државата, спроведувањето на политиките за подобар живот на граѓаните и за внатрепартиските активности, пишува на страницата на Фејсбук на владејачката партија.
Телевизија 24 Вести дознава дека Андреј Жерновски, поранешниот лидер на ЛДП и градоначалник на Центар и Чедомир Саздовски, независен пратеник во Собранието кој до скоро беше дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како член на ГРОМ, стануваат членови на централниот одбор на СДСМ.
Во седиштето на владејачката партија доцна попладнево започна состанок на Централниот одбор.
Неофицијално, на состанокот претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев ќе информира и за реконструкцијата на Владата, за проширување на владината коалиција, а ќе се расправа и за динамиката на процесот за решавање на спорот со името.