Жбогар: ЕУ ги поддржува преговорите, но нема да се ангажира директно

ЕУ смета дека таа одлука, односно решение треба да ја донесат двете инволвирани страни.

135

Според евроамбасадорот Семуел Жбогар, преговорите кои се водат со јужниот сосед и спорот околу името на Република Македонија одат во добра насока, а ЕУ нема да се ангажира директно врз тој процес.

Со овој став, Жбогар одговори на новинарско прашање во врска со евентуална промена на форматот на преговорите и вклучување на европската дипломатија.

– Преговорите за прашањето со името под покровителство на ОН, течат добро. Сметам дека тие во овој формат треба и да продолжат. Така што не очекувам дека промената на форматот на преговорите ќе придонесе кон постигнување на договор и решение за прашањето со името. Сметам дека таа одлука, односно решение треба да ја донесат двете инволвирани страни. Во моментов и двете страни се одлучни тоа да го направат. Европската унија е тука да го поддржи процесот и да ги охрабри двете страни да дојдат што поскоро до конечното решение – рече Жбогар, шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија на прес конференцијата по посетата на Гостивар.

Тој ја повтори и изјавата на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер при последната посета на Македонија, дека ставот на ЕУ е да не се ангажира во преговорите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...