Зголемен наградниот фонд на „Ролан Гарос“

311

Организаторите на вториот годинашен Грен слем „Ролан Гарос“ одлучи да го зголеми наградниот фонд за осум проценти во однос на ланското издание. Годинава се предвидени 39,2 милиони евра парични награди за тенисерите и тенисерките.

Победниците ќе добијат по 2,2 милиони евра, а солидни парични средства се обезбедени и за најдобрите во квалификациите, како и оние кои ќе испаднат во 1.коло. За нив се предвидени по 40 илјади евра.

Сепак, и покрај зголемениот фонд  за награди, „Ролан Гарос“ е Грен слемот со најмалку парични средства за награди во однос на турнирите „Австралија Опен“, „УС Опен“ и „Вимблдон“.

Отвореното првенство во Франција ќе се игра од 27 мај до 10 јуни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...