Во 2017 година звање доктор на науки стекнале 209 лица, што е зголемување за 6.1 проценти во споредба со 2016 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Најголем број од нив докторирале во областа на општествените науки, (47.8 отсто), потоа на медицинските науки (22 отсто), следуваат хуманистичките науки (11.5 отсто), а останатите докторирале во областа на техничко-технолошките науки, природно-математичките и биотехничките науки.
Докторска дисертација лани одбраниле 123 жени, што е 58.9 отсто од вкупниот број лица што докторирале минатата година.
Од вкупниот број најголем процент (31.6 отсто) професијата ја извршуваат во образовната дејност.