Заврши реконструкцијата на коритото на Голем дол во oпштина Ранковце

463

Проектот „Заеднички акции за превенција од поплави во прекуграничниот регион” е проект кој Општина Ранковце заедно со Општина Бобов Дол (Р. Бугарија) го реализира преку Програмата за прекугранична соработка  Интеррег-ИПА „Бугарија – Македонија”.

Периодот за имплементација на проектните активности е од 18 октомври, 2016 година до 17 април 2018 година (18 месеци).

Главната цел на проектот е да се развие заеднички пристап за превенција од честите поплави кои се случуваат во пограничниот регион, предизвикувајќи штета на локалното население.

Проектните активности се во завршна фаза, а од општината информираат дека сѐ се одвива во најдобар ред и според потребната динамика.

Главна активност во рамките на проектот беше изградбата на коритото на Голем дол, со што значително се намали ризикот од несакани поплави.

Компанијата која го доби тендерот за изведба е конзорциумот „Конструктор Рената и др.” заедно со  „Сандра Инженеринг”, додека надзор на градбата извршуваше компанијата „Хидро градежен инженеринг” од Скопје.

Покрај оваа активност се одржаа и  3 работни средби на работните тимови за имплементација на проектот  и се направи заедничка стратегија за превенција од поплави.

Следни активности на проектот се кампања за подигањето на свеста кај учениците од општина Ранковце во врска со заштитата на животната средина од поплави, како и финалната пресконференција во општина Бобов дол, Р. Бугарија, каде ќе се презентираат проектните резултати.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...