Затвореник со цигара запалил ќебиња и јоргани

111

Во една од собите во притворското одделение во охридскиот затвор, во која бил сместен притворениот Л.М. од Куманово, синоќа во 20.20 часот избувнал пожар.

Се претпоставува дека 31-годишниот Л.М. со запалена цигара, запалил ќебиња и јоргани во просторијата каде бил сместен.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, како и од вработените во затворот, пожарот бил изгаснат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...