Ѕанакопулос: Топката е на теренот на соседите

За сложено име ерга омнес за севкупна употреба, очигледно дека предуслов е уставна ревизија од страна на соседите, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.

528

Во рамките на грчките позиции за сложено ерга омнес име треба да постои решение, топката сега е на теренот на соседите и треба да направат уште неколку чекори за да стигнеме до договор, вели портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос во интервју за третиот канал од Солун на грчката државна телевизија ЕРТ и уште еднаш го повтори грчкото барање за уставна ревизија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос смета дека се направени доста чекори со самата промена на „радикалните и националистички ставови на претходните влади“ во Скопје, но сепак додава дека постојат прашања кои не се едноставни, а техничката фаза е доста тешка.

– Сметам дека е факт оти има политичка волја и од двете страни, но сепак постојат прашања што не се едноставни, не се од технички карактер, а главното е прашањето за уставна ревизија за да се покрие предусловот на ерга омнес. Затоа што знаете дека грчката Влада во преговорите доаѓа и вели дека ќе се согласи за сложено име што ќе биде за сите, ерга омнес и ќе биде за севкупна употреба. За ова ерга омнес, очигледно дека е предуслов е уставна ревизија од страна на соседите – вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...