Одземени биле и дадени на вештачење мобилни телефони кои во различни периоди биле прошверцувани до дел од притворените за настаните од 27-ми април 2017 година, дознава Дојче Веле од извори во истрагата. Не се знае како мобилните телефони стигнале до притворените, и се очекува тоа дополнително да биде утврдено. Според овие извори, се претпоставува дека најверојатно била искористена можноста да бидат внесени замаскирани меѓу храната што ја носеле членови на нивните семејствата за време на посетите, но не се исклучуваат и други начини.
Станувало збор за најмалку пет-шест телефонски апарати внесени во различни периоди. Сите биле одземени, доставени до надлежните органи и испратени на вештачење. Неофицијално, телефонски апарати биле најдени кај пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, ексначалникот во МВР, Оливер Поповски, член од обезбедувањето на Трајко Вељаноски и други лица.
Целиот текст може да се прочита ТУКА.