Во градот Треб во Франција е убиено најмалку едно лице во заложничката драма која ја започна киднапер кој бара ослободување на Салах Абдеслам, исламистот кој стои зад нападот во Париз во 2015.
Според неофицијални информации, можно е да е убиено уште едно лице.
Заложништвото се случува во супермаркет во градот, но уште не се знае точниот број на заложници кои се наоѓаат во објектот.
Полициските патроли го опколиле реонот, а надлетуваат и хеликоптери. Во меѓувреме биле ослободени околу 20 заложници. Како што пишуваат локалните медиуми и новинските агенции, најверојатно се работи за терористички акт.