Првиот човек на Фејсбук, Марк Зекерберг, во ексклузивно интервју за „Си-Ен-Ен“ зборува за скандалот кој беше обелоденет дека Кембриџ Аналитика која работела на кампањата на Доналд Трамп илегално собрала податоци на 50 милиони корисници на социјалната мрежа. Во интервјуто, тој зборува и за лажните вести и открива дека лани за време на специјалните избори за сенатот во Алабама, биле откриени многу лажни профили од Македонија кои се обидувале да шират лажни вести.
– Мислам дека е јасно оти во 2016 година не бевме на врвот на задачата да одговориме на предизвиците како што треба, без разлика дали станува збор за мешањето на Русија во изборите во САД или лажните вести. Но, она што го видовме од тогаш е дека неколу месеци подоцна имаше избори во Франција каде распоредивме некои ИТ алатки кои завршија голема работа во идентификувањето на „ботови“ од Русија и пред сè, детектирање на потенцијално руско мешање. Бевме многу посреќни како ја завршивме таа работа. Во 2017, пак, за време на специјалните избори за сенатот во Алабама, распоредивме нови алатки кои ги изградивме со цел да откриеме лажни профили кои се обидуваат да шират лажни вести и пронајдовме многу такви лажни профили од Македонија. Реално мислам дека ова не е наука за ракетите. Но, не очекува напорна работа за да им отежниме на државите како Русија да се мешаат во избори, да спречиме други луѓе да шират лажн вести…. – вели Зекерберг одговарајќи на прашањето како Фејсбук се бори против мешањето во изборите.
Целото интервју можете да го погледнете и прочитате ТУКА.
Одговорот каде тој ги споменува лажните профили и вести од Македонија започнува околу 1.40 минута.
ФОТО: EPA/Alberto Estevez