Захариев тврди дека рушењето околу Градскиот базен во Штип е законско

205

Откако СВР-Штип соопшти за доставената кривична пријава до Основното јавно обвинителство против поранешниот градоначалник на Штип Илчо Захариев и претходниот в.д. директор на ЈП „Стипион“ за продажбата на земјиште и урување на објекти околу Градскиот базен, денеска пристигна и писмена реакција од страна на Захариев во која вели дека ова е уште едно лажно обвинение против него.

„За просторот, каде беа објектите на ЈП „Стипион“ донесен е Детален урбанистички план, усвоен од Советот на општина Штип. Продажбата на базенот и останатите парцели се со одлука на Советот. ЈП „Стипион“ со одлука на Советот доби нови простории во Новакова чешма, поранешни магацини на АРМ. Целата постапка за продажба и отстранување на објектите, кои беа руинирани е спроведена законски. Општината инкасираше околу 600.000 евра од продажбата на земјиштето за Спортско рекреативниот центар „Брегалница“, нагласува Захариев.

Тој во реакцијата забележува дека е уверен и оти и оваа лажна кривична пријава ќе биде отфрлена.

Ова е втора кривична пријава против поранешниот штипски градоначалник Захариев. Првата му беше поднесена за време на изборната кампања за Локалните избори во 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...