Заев за БГНЕС: Се надевам на скорешна заедничка литургија на БПЦ и МПЦ-ОА

84

Се надевам дека во многу скоро време ќе има заедничка литругија меѓу македонската и бугарската црква, изјави Заев денеска во Лондон во одговор на прашањето од бугарската агенција БГНЕС дали го поддржува заедничкото сослужување на свештените лица од БПЦ и МПЦ-ОА.

– Во рамки на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ние веќе се договоривме дека ќе ги поддржиме сите натамошни активности што ќе придонесуваат кон продлабочување на соработката. Се надевам дека во многу скоро време ќе имаме заедничка литургија во нашата држава, но и во Бугарија – рече Заев.

Според него заедничкото сослужување, исто така, е начин за заемно поддржување.

Македонскиот премиер и лидерите од земјите на Западен Балкан во Лондон учествуваат на Инвестицискиот форум организиран од ЕБОР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...