Заев се враќа дома

2144

Заев бил на чај кај Елизабета Втора кога во приемната соба на Бакингамската палата, влетал Забрчанец и уште од вратата почнал да реферира:

– Елизабето, извини, дојдов да му ги соопштам на претседателот најновите вести од татковината: мораме под итно да ги прекинеме преговорите за името, да го повлечеме законот за јазиците и да го раскинеме договорот со Бугарија, народот тоа го побара на митинг во Скопје.

– Чекај, малку – рекол Заев – па ова карши мене не е Нана Мускури, а не е ниту Дора Бакојани, ова е Елизабета Втора, кралица на Велика Британија и не разговараме за името, туку за тоа колку карти можат да ни отстапат за натпреварот Манчестер јунајтед- Севиља и со неа ли треба да ги прекинеме преговорите и за вакви ли теми треба да молчиме!?

– Е, за неа не знам, чекајте да прашам – рекол Забрчанец.

Го извадил најновиот ајфон десетка и тик тик тик, ѕрн ѕрн ѕрн, ја воспоставил врската со Македонија, директно со патриотската бина во Скопје.

– Ало, Сузано, и со Елизабета Втора ли, мори, да ги прекинеме преговорите, дури и за картите за Олд Трафорд!?

– Со Елизабета посебно, Британците ни дужат репарации, додека не платат нема преговори-рекла Сузана вклучена на спикерфонот да чујат и премиерот и кралицата и додала:
– И што со тој Олд трафорд, да им го начукам во трафордот, ако е трафорд олд, Македонија е сто пати поолд.
– Ху уз Сузана- прашала Елизабета.
– Ши из маседониан Будика, ви хев со мени будики, Гордана, Биљана, Ќулијана, Софијана енд со мени адерс- рекол Заев, бркнал во внатрешниот џеб, извадил 500 фунти и му рекол на Забрчанец:

– Трк на станица, извади две карти за полноќниот автобус Нотинг Хил-Шутка, за мене и за Анѓушев, ти ќе се вратиш автостоп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...