Заев се сретна со Ванхауте и со претставници на ИРИ

765

Владата е отворена за соработка и добредојдена е секоја препорака со цел подобрување на нејзината работа во остварување на реформите, изјави премиерот Зоран Заев по средбата со претставници на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ) во Македонија и Питер Ванхауте, белгиски експерт и поранешен посредник на ЕУ, кој помагаше за реализирање на поголемиот дел од реформите кои беа потенцирани во Извештајот на Прибе.

На средбата, директорка на Програмата на ИРИ во Македонија, Илина Мангова и Марија Саздевски, менаџер на Програмата и за финансии изразија задоволство од соработката со Владата и одделните Министерства, поздравувајќи го унапредувањето на владеењето на извршната власт. Истовремено беше изразена поддршка за реформите и остварувањето на Планот 3-6-9.

„Присутните го запознаа премиерот Зоран Заев со практиките и препораките за управување во сферата на јавната администрација, препораки за односите на Владата и Собранието давајќи поддршка на актуелните реформите во државата, кои се со цел побрзо остварување на реформските приоритети подготвени од Европската комисија за исполнување на условите за влез во Европската унија како и аспирациите за членство во НАТО“, се вели во информација од Владата.

Премиерот Заев, претставувајќи го како голем пријател на Република Македонија изрази задоволство од посетата на експертот Питер Ванхауте, кој како поранешен посредник на ЕУ во Договорот од Пржино беше вклучен во изработка на предлозите за медиумските реформи.

Заев и Ванхауте разменија мислења околу актуелната политичка ситуација во земјава, оценувајќи ги како исклучително позитивни, економските мерки кои се преземаат за стабилна бизнис клима и привлекување на странски инвестиции преку воведување на нови економски мерки кои се темелат на фер и транспарентна распределба како и чекорите кои придонесуваат за јакнење на довербата меѓу Република Македонија и Република Грција.

На средбата беше констатирано, дека отворањето дијалог со опозицијата во државата, актуелното решавање на отворените прашања со соседите како и одржувањето на пријателска атмосфера, сигурно ќе донесе до просперитет за граѓаните на Република Македонија и соседните држави.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...