Заев поголем оптимист по последната рунда разговори во Виена

1091

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е поголем оптимист по последната рунда разговори во Виена на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коцијас со медијаторот Метју Нимиц и дека може да се најде решение за спорот со името.

Премиерот кажа дека поканата за лидерска средба била испратена во текот на минатата недела,  бидејќи наближуваат велигденските празници за да секој може да го резервира терминот во 13 часот како слободен.

– Но веројатно и поради други агенди на дел од учесниците, пред се, од опозицијата беше побарано овој постигнат напредок во разговорите да биде споделен на билатерални средби на министерот за надворешни работи со мене, со претседателот на државата, со претседателот на Парламентот, со шефот на опозицијата и со лидерот на ДУИ, а по Велигден, на 10 април, на пример да се одржи лидерска средба, пред се и како давање насоки и мислења пред следната рунда преговори што ја очекуваме после велигденските празници, рече Заев.

Според премиерот Заев, лидерска средба за името би можело да се одржи по велигденските празници.

– Денеска во 9 часот имав едночасовна средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Ги знам сите детали и драго ми е што можам да потврдам дека има позитивен исчекор во разговорите. Тоа, секако, е само исчекор. Условеноста во разговорите значи дека имало договор и за оние прашања кои сега се исчекор кога комплетно би се договорило се. Тоа дава можност на еден навистина отворен пријателски начин двајцата министри слободно да реазговараат за секој сегмент  на чувствителноста на прашања за конечно да се изнајде решение за проблемот за името. Ако некој ме праша дали сум повеќе или помалку оптимист и позитивен, јас сум повеќе позитивен и поголем оптимист после оваа средба што Димитров ја имаше со Коѕијас во Виена под раководство на посредникот Метју Нимиц, изјави премиерот Заев.

Тоа, според него, било барање на опозицијата и тие го прифатиле, со конечна цел сите да бидат информирани, но и заедно да ги градат стратегиите за решение на спорот со името

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...