Заев на работен состанок со Јункер во Софија

127

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе учествува на работниот состанок на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер и премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисо, како премиер на земја претседавач со ЕУ, со шефовите на држави и влади од Западен Балкан, што на први март ќе се одржи во Софија, Република Бугарија.

Покрај премиерот Заев, на состанокот најавено е дека ќе присуствуваат и премиерите на: Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Светозар Марковиќ, како и претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, Хашим Тачи и членот на претседателството на БиХ, Драган Човиќ.

Тема на состанокот се можностите за забрзување на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ и подобрување на меѓусебната поврзаност. Предвидени се работен состанок и билатерални средби, како и прес конференција за настанот, на претседателот на ЕК, Јункер и бугарскиот премиер, Борисов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...