Заев: Македонија и ЕУ со заеднички политики во борбата против радикалниот екстремизам

190

Македонија и Европската унија имаат заеднички политики и пристап во борбата против радикалниот екстремизам, истакнал премиерот Зоран Заев на денешната средба со делегација на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, предводена од заменик генералниот директор за заедничка безбедносна и одбранбена политика, Педро Серано.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е нагласена подготвеноста на Македонија да учествува во заедничките политики и акции на ЕУ за справување со овие појави, како и поставеноста и капацитетите на институциите за одговор на овие прашања во нашата земја.

Националните стратегии за спречување насилен екстремизам и за борба против тероризам, што ги усвои македонската Влада, како што рекол Заев, се појдовна основа за институционално дејствување, и се подготвени врз основа на препораките на ЕУ, со оглед на комплементарноста и заедничкиот интерес на ЕУ и на Република Македонија, за соодветен одговор за овие закани по безбедноста на граѓаните.

– Претставниците на Европска служба за надворешна работи на Европската Унија, на средбата оддадоа признание за активностите на Република Македонија во однос безбедносните прашања поврзани со борбата против тероризмот и радикалниот екстремизам, и посебно го истакнаа придонесот на македонските безбедносни служби во однос на мигрантската криза – соопшти владината прес-служба.

Изразиле силна поддршка за идна соработка на ова поле и нагласиле дека на Македонија и стојат на располагање сите искуства, мерки и поддршка од институциите на ЕУ, за имплементација на двете национални стратегии, особено во делот на размена на информации, како и на поддршката за обука и за подигање на капацитетите на македонските безбедносни служби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...