
Интеграцијата на Република во Македонија во НАТО е наша стратешка определба и не е во спротивност со унапредување на соработката со Руската Федерација, изјави премиерот Зоран Заев.
– Уште од 1993 година со заедничка декларација во Парламентот Македонија ги има потврдено своите стратешки приоритети. Тоа се ЕУ и НАТО интеграциите, што е и определба на огромното мнозинство над 75 проценти од граѓани на РМ. Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е многу важно за Македонија, но и за целиот регион. Тоа не е спротивно со унапредувањето на соработката со Руската Федерација, затоа што Македонија во своите стратешки цели го има и унапредувањето на соработката со Русија, пред се на економски, културен. образовен план…. Од тој аспект можам да тврдам дека таа е повеќедецениска аспирација на граѓаните на РМ, нешто кон кое се тежнее, кое го посакуваме, кое е важно и за стабилноста и безбедноста на Македонија, но и на целиот регион – рече Заев на новинарско прашање за предупредувањето добиено од Москва дека членството на земјата во НАТО ќе ги зазгрози безбедноста на Македонија и регионот, како и билатералните односи.