Заев и Ахмети попладнево почнаа со преговори за проширување на коалицијата

953

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска попладне по седницата за пратенички прашања во Собранието се сретна со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ Али Ахмети, потврдија од ДУИ.

Заев ја најави средбата со Ахмети вчера во одговор на новинарско прашање за преговорите за проширување на владината коалиција, кога објави дека се допрецизираат разговорите со Турската демократска партија (ТДП) за влез во коалицијата, и оти во таа насока се размислува за БЕСА и тоа на двете нејзини крила.

–  Генерално ставот на владејачката коалиција е да ги остави отворени вратите. Уште кога ја објавивме Владата во договорот за коалицијата наведовме дека остануваме со отворени врати – рече Заев.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети на денешната средба со германскиот амбасадор во Македонија Томас Герберих рекол дека во разговорите со премиерот првично ќе бидат разгледани политичките и идеолошките определби на аспирантите да се приклучат на парламентарното мнозинство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...