Заев до Шчербак: Сакаме во НАТО не за да напаѓаме, туку да се грижиме за мирот

580

При протерување на рускиот дипломат ние постапивме согласно домашните закони и Виенската конвенција која е прецизна и јасна, му одговори премиерот Зоран Заев на рускиот амбасадор Олег Шчербак и додаде дека неколку пати било укажувано дека не треба да се претерува и да се прави нешто што не е дозволено.

Премиерот истакна дека го очекува истото од некоја друга земја ако македонски дипломат ги пречекори своите ингеренции и ги прекрши законите на државата во која се наоѓа.

Заев, рече дека се надева на фокусирање на градење пријателства, а не кавги.

– Ние бараме членство во НАТО, но не некого да напаѓаме, туку поради вредностите на Алијансата, да се грижиме за мирот во светот, владеењето на правото, слободата на говор. Над 75 отсто од граѓаните се насочени кон НАТО и ние сакаме да ја унапредиме поврзаноста и пријателството со Русија, и тука и во Русија живее православно население, не сакаме кавги, ние сме мала земја и само со пријателство ќе не биде – рече премиерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...