Заев бара јавноста да го гледа видеото, обвинителството се противи

1467

Во Кривичниот суд почна рочиштето за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.

Адвокатите на Заев бараат јавноста да биде присутна во судница за видео презентацијата на доказите од ПИ мерките, но обвинителство не се согласува бидејќи тоа се документи за ограничена употреба.

Судот треба да донесе одлука за ова барање.

Заев и во претходниот период во изјави за медиумите велеше дека ќе бара видео снимката да и се презентира на јавноста за да биде позната целата вистина, бидејќи како што посочуваше не била објавена целата снимка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...