Заеднички контроли на граничните премини Табановце и Пелинце

Ова предвидува олеснување на слободната трговија со стока и подобрување на заедничкото управување со ризик, гранични контроли со едно застанување.

116

Владата на Република Македонија на денешната редовна 56-та седница го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година. Со него посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години. Со оперативниот план ќе се создадат услови за создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица.

Со усвојување на Среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година, стартуваше имплементација на мерките од третиот столб од Планот за економски раст на Владата. Среднорочната програма е насочена кон постигнување на целите кои се дефинирани во Стратегијата за иновации на Република Македонија, Планот за економски раст на Владата на Република Македонија и Проектот за развој на вештини и иновации.

Министрите на денешната седница ја усвоија информацијата за можноста за понатамошно вклучување на Република Македонија во иницијативата „Програма за развој на зелени градови“. Целта на програмата е да се унапреди управувањето со активностите за зелен развој во градовите преку обезбедување инвестиции, поддршка за развој на политики и градење капацитети на национално и локално ниво. Програмата предвидува вклучување на девет држави кои се подобни за користење средства од Зелениот климатски фонд, на Европската банка за обнова и развој, и тоа: Албанија, Ерменија, Македонија, Грузија, Јордан, Молдавија, Монголија, Србија и Тунис.

На предлог на Mинистерството за финансии Владата го усвои Предлог – законот за пријавување и евиденција на обврски, кои ги имаат буџетските институции. Имено, досега не постоел унифициран механизам на евиденција и следење на обврските на субјектите кои располагаат со јавни средства. Новиот предлог – закон предвидува преку електронски систем да се евидентираат преземени, а неисполнети обврски на институциите, како и неплатените обврски. Законот ги опфаќа органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, установите и институциите кои вршат дејности од областа на културата, образованието, здравството, детската, социјалната заштита, како и во други дејности од јавен интерес.

На денешната 56-та седница беше усвоена и информацијата за потребата од потпишување Договор за соработка во областа на дијаспората помеѓу владите на Република Албанија и на Република Македонија. Во име на Владата на РМ договорот ќе го потпише министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми. Со договорот ќе се продлабочи соработката меѓу двете земји преку заеднички акционен план во областа на дијаспората, како и преку периодични програми за соработка.

На денешната седница министрите ја усвоија и информацијата за воведување заеднички контроли на надлежните органи на Република Македонија и Република Србија на граничните премини Табановце – Прешево и Пелинце – Прохор Пчински. Оваа мерка е една од целите на Повеќегодишниот акциски план за создавање Регионална економска област на Западен Балкан, усвоен на Самитот во Трст од јули 2017 година. Тој меѓу другото предвидува олеснување на слободната трговија со стока и подобрување на заедничкото управување со ризик, гранични контроли и гранични контроли со едно застанување, односно One-Stop Shop.

Владата на денешната седница го донесе и Предлог законот за изменување и дополнување на законот за стечајните работници односно за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Со него се уредуваат условите за стекнување и начинот на користење на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок кои ќе го добијат стечајците, а кои останале без работа по основа на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни 2017 година. Оваа категорија граѓани сега се опфатени со новите измени во поголем обем со цел да се постигне конечно решение на овој децениски проблем во земјава.

Владата го усвои предлог – законот за меѓународна и привремена заштита или закон за азил. Со него се врши усогласување на националното со европското законодавство во областа на азилот односно меѓународната заштита. Предлог законот беше доставен на мислење и до Европската комисија во Брисел и во истиот се инкорпорирани сите забелешки.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министрите ја усвоија информацијата со предлог решение за нормално функционирање на ИПАРД програмата и за соодветно искористување на средствата од ЕУ.

Владата на 56-тата седница одлучи свои простории во центарот во Струга да добие „Сојузот на борците од НОАВ на Македонија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...