За една недела регистрирани 1.980 заболени од грип

105
20051230 Friday 0048 Klinicki centar Majka Tereza Vlez

Во текот на изминатата недела (од 5 до 11 март), во Република Македонија се регистрирани 1.980 заболени од грип, што е намалување за 32 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.781 заболен, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Во однос на десеттата недела од минатата сезона која се карактеризираше со ран почеток и пик на активноста, оваа сезона бројот на заболени е зголемен за 13 пати. Регистрираната инциденца oваа недела е во рамки на неделната граница на ниска (сезонска) активност на вирусот на грип.

Исто како и во претходните недели, во десеттата недела најголем број заболени – 1.209 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 137,8 на 100.000 жители се регистрира кај школските деца на возраст од 5-14 години.

Оваа недела најголем број заболени лица – 355 се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје, а највисока инциденца 550,9 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Свети Николе.

Oд вкупно 31 извештајна единица во земјата, во две (ПЕ Свети Николе и ПЕ Кавадарци) се регистрира многу висока активност на вирусот. Во останатите центри за јавно здравје/подрачни единици се регистрира од многу ниско до средно ниво на активност на вирусот на грип, додека во три подрачни единици не се регистрирани заболени лица.

Досега во сезоната 2017/2018 вкупно се пријавени 21.100 случаи. Регистрираниот број случаи е помал за 39 отсто споредено со истиот период од минатата сезона (34.625).

Досега, најголем број заболени лица – 2.741 се регистрирани во ЦЈЗ Скопје, а поголем број е пријавен и во ПЕ Гостивар (2.169) и ЦЈЗ Струмица (1.914). Највисока инциденцата од 3.288,1 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на ПЕ Кавадарци.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, кумулативно најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 12.767 случаи (60,5 отсто), а највисока кумулативна инциденца од 1.888,1 на 100.000 се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Анализата на бројот на заболени од сезонски грип по месеци, укажува на постепен пораст на заболените во јануари (2.396 заболени или 11,4 отсто) и достигнување врв во февруари (12.951 или 61,4 отсто). Во март за две недели, регистрирани се 4.671 заболени или 22,1 отсто.

Се нотира заедничка циркулација на Influenza А и Influenza B вирусот во Републиката, со доминација на B вирусите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...