Вучиќ: Без договор со Косово, ќе заглавиме како Македонија

Тој негира дека има тајни договори со албанските лидери околу евентуалниот договор меѓу Србија и Косово.

640

Српскиот претседател Вучиќ, по средбата со Меркел најави можен компромис со властите во Косово.

– Нема да биде лесно, но ќе се обидеме да постигнеме компромис со Косово. А што е тоа што нема да го добиеме ако не направиме некој компромис со Албанците , што не го каже тоа некој? Ќе бидеме заглавени на европскиот пат како Турција, Македонија и други земји кои поради политички спорови се заглавени. Со влезот во унијата , ќе се зголемат странските инвестиции , а во спротивно ќе имаме многу проблеми и правни и еконономски – изјави српскиот претседател Вучиќ по средбата со Меркел. Во случај да не постигнеме договор со Косово ќе се создаде „природен ѕид кој нема да може да се пробие“.

Германија инситира на договор меѓу Србија и Косово уште од 2008 мата, кога и ја призна независноста на Косово.

– Јас знам дека Србите сакаат да слушнат „ тоа е наша територија сто проценти, се е наше “ но работите во животот се променија , картите во животот се менуваат. Ние мораме да размислуваме за нашите деца, за нивната иднина, каква здравствена заштита ќе имаме, дали нашите жени ќе можат на време да дијагностицираат рак на дојка – вели Вучиќ.

Тој негира дека има тајни договори со албанските лидери околу евентуалниот договор меѓу Србија и Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...