Возач од УЈП од свој џеп платил казана за непрописно паркирање

1911

Управата за јавни приходи ќе преземе соодветни мерки против возач во Управата, бидејќи „Пајак“ денеска го подигнал службеното возило поради непрописно паркирање, соопшти УЈП.

Службеното возило „Пајакот“ го подигнал од пред зградата на Генерална дирекција во Скопје.

„Управата за јавни приходи информира дека поради несоодветно користење, управување и грижа на службено возилото, ќе се преземат соодветни мерки против вработениот во УЈП задолжен за управување со службеното возило. Казната за непрописно паркирање е платена лично од вработениот, a прекршокот се случува во период на отсуство на директорката од УЈП поради здравствени причини“,соопшти УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...