Желбата на Македонската православна црква да добие црква мајка во Бугарската православна црква е многу комплексна и многу важна тема за која сега многу се радуваме дека има можност да се решава од двете страни. Тоа го изјави свештеник Александар Волков, началник на прес службата на Московскиот и на цела Русија патријарх Кирил.
Изјавата беше одговор на прашање каков е односот на Руската православна црква за желбата на МПЦ, БПЦ биде нејзина мајка црква, јави БТА.
– Ние не можеме да предвидиме какви ќе бидат решенијата, но во секој случај Руската црква со внимание и со длабок интерес го набљудува процесот на преговори – изјави Волков.
Тој го даде одговорот за МПЦ откако им соопшти на новинари дека нема да се одржи предвидената прес конференција на митрополитот Иларион од РПЦ и на митрополитот Кипријан од БПЦ. Тоа беше дел од програмата на рускиот патријарх во првиот ден од тридневната посета на Бугарија.