Водостоите на реките над мартовскиот просек

111
20130509 Thursday 1420 Skopje vardar izlean reka podignato nivo visok vardar kameni most poplava

Над мартовскиот просек, но во граници на неделните мерења, се водостоите на реките во Македонија.

Денешните хидролошки мерења покажуваат зголемени нивоа на реките во однос на мартовскиот просек, освен кај Брегалница кај Берово каде водостојот е еден сантиметар под просекот за март. Скоро двојно е зголемено нивото на Вардар кај Велес, на Треска кај Македонски Брод и на Црн Дрим кај Ложани.

Кај езерата се бележи мало зголемување на нивоата во однос на мартовскиот просек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...