Во Советот за реформи во правосудство ги нема имињата кои „дрмаа“ 11 години

Со ова тело претседава премиерот Зоран Заев, а помеѓу членовите на ова тело не се наоѓаат имињата на оние кои во изминативе 11 години беа дел од негативните појави во правосудството, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

3045

Владата на денешната седница формираше Совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022, со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев.

– Со ова тело претседава премиерот Зоран Заев, а помеѓу членовите на ова тело не се наоѓаат имињата на оние кои во изминативе 11 години беа дел од негативните појави во правосудството – изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Во Советот ќе членуваат министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, државниот јавен обинител Љубомир Јовевски, претставник од Врховен суд, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по еден претставник од апелациските судови во Гостивар, Битола, Штип и Скопје, како и по еден претставник од основните судови Скопје 1 и 2.

Како што соопшти владината прес-служба, членови на овој совет ќе бидат и народниот правобранител Иџет Мемети и Џемали Саити, претседател на Здружението на судии, а свои претставници ќе имаат и Адвокатската комора, како и Блу принт групата на граѓански организации за правосудство. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...