Во Ниш идната недела заедничка седница меѓу владите на Македонија и на Србија

261

Владите на Република Македонија и на Република Србија идната среда, на 21 март, ќе одржат трета заедничка седница во Ниш.

Претседателите на владите Зоран Заев и Ана Брнабиќ во Ниш ќе имаат тет-а-тет средба, додека истовремено министрите во владите на двете земји ќе одржат билатерални средби со своите тимови.

Заедничката седница на владите на Македонија и на Србија ќе се одржи веднаш по средбите на премиерите и министрите.

Теми на заедничката седница, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат од областа на одбраната, безбедноста, економијата, трговијата, здравството, образованието, од сферата на трудот и социјалната политика, правдата, заштита на животна средина, културата, како и разговори за заеднички иницијативи во инфраструктурата, иновациите, европските интеграции и младинските политики.

Ќе бидат потпишани и документи за соработка во повеќе области.

Заев и Брнабиќ ќе имаат свои обраќања и на Економскиот форум Србија-Македонија што истиот ден го организираат стопанските комори на двете земји, исто така во Ниш.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...