Во Крушево и Тетово снег, во другите делови замрзнат дожд

465
20130225 Monday 1056 dozd nevreme vrne vrnezi

Минималната температура утрово во Македонија се спуштила до минус седум измерена во Пожаране. Под нулата било и во Ѓутиште и Тетово минус пет, Крива Паланка, Скопје и Тополчани минус три, Крушево, Виница, Берово, Прилеп и Битола минус два, Струмица и Претор минус еден. Нула е измерена во Дебар и Штип, еден во Охрид до два степена во Демир Капија, Маврово и Гевгелија.

Врнежи се регистрирани во Крушево еден литар на метар квадратен, Тетово два, Претор три, Пожаране четири, Охрид шест, Дебар седум и Маврово 11 литри на метар квадратен.

Врнежите се претежно од дожд во западните делови, снег утрово врне само во Крушево и Тетово. Во Пожаране врнежите од дожд веднаш се заледуваат по паѓањето на земјата. Дува слаб до умерен југоисточен ветер кој е најизразен во Ѓуриште и во Тополчани.

Снежна покривка има во Маврово 69 сантиметри, Крушево 52, Пожаране 49, Ѓуриште 35, Тетово 20, Берово и Претор 13, Охрид и Тополчани осум, Штип седум, Скопје и Крива Паланка шест, Битола пет и Струмица и Гевгелија еден сантиметар.

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. На некои места и особено наутро дождот веднаш ќе се заледува на патиштата. На високите планини врнежите ќе бидат главно од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата од 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе остане посвежо и со врнежи од повремен дожд повеќе во првиот дел од денот. Температурата до пет степени.

Денеска пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде до сабота наутро за двата дена локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2.000 м.н.в. ќе има повремен снег. Во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во сабота ќе дува и повремено засилен западен ветер, поизразен на југот и западот од земјава. Ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка. Од понеделник малку пониски температури и зголемена облачност со нови врнежи од дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...