Во Карпош почна проектот за квалитетно и сеопфатно предучилишно образование (ВИДЕО)

483

Во најстарата градинка во Македонија, „Орце Николов”, во Карпош 3, денеска се презентираше проектот за „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет во предучилишното образование, воспитание и згрижување”.

Проект финансиран од Европската унија, а поддржан од фондацијата „Чекор по чекор”, Генералниот секретаријат на Владата,Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии.

Проектот кој почнува од Карпош, треба да обезбеди подобрување на квалитетот, обука и усовршување на персоналот во градинките, како и унапредување на комуникацијата со родители и други чинители.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека локалната самоуправа става значаен акцент на обезбедување квалитетна детска заштита. Предвидени се сериозни инфраструктурни зафати за зголемување на постојниот капацитет на градинките и изградба на нови објекти.

– Моментално, се гради целосно нова градинка во Бардовци, а се врши и доградба на објектот на градинката „Мајски Цвет” во Тафталиџе 2. И покрај големите финансиски проблеми, оваа година целосно ќе се реконструира и градинката „Мајски Цвет” во Тафталиџе 1, чиј објект е дотраен и стар со децении – рече Богоев.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска се осврна на приоритетите на Владата и Министерството, во поглед на креирање на подобро предучилишно образование.

– Инвестираме во човечките ресурси, односно во зголемување на кадарот во градинките. На почетокот бевме соочени со недостаток од воспитувачки/негователки и затоа овозможивме 475 вработувања на неопределено време. Заедно со сите чинители, работиме и на подобрување на програмите за предучилишно образование. Наша стратешка цел, во следните 4 години е да се зголеми вклученоста на децата во предучилишното образование за 50 отсто – посочи Царовска.

На сесијата за презентација на Проектот се обрати и претставничката од делегацијата на ЕУ, Sophie Beaumont, која напомена дека сите истражувања покажуваат дека децата кои посетуваат предучилишно образование имаат подобри резултати и поцврста основа при следното скалило во животот, почетокот на основното образование.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...