Беќир Асани познат по нападот на полицајката „со пајакот“, во „двојазично“ интервју за порталот Мактел, повторно скандалозно го напаѓа претседателот на Здружението на новинари , Насер Селмани со зборови „копиле“ и „жена“.
Притоа новинарот не се оградува од изречените навреди од страна на неговиот соговорник.
– Имам порака за Селмани-ако е маж и знае да навреди, тогаш треба да прифати навреда. Ако имало закана од брат ми , не треба да се плаши. Јас сум тој што треба нешто, ако треба за заканите. Не е убаво наутро да е маж, а навечер да легнува како жена. Нека биде маж и нека не оди потоа да плаче по амбасадите. Ако било тоа , да сум прифатил навреда од Насер, нека биде тогаш фитбекот и кон него од мене -изјави Асани. ( 14 минута од интервјуто)
Тој го нарекува исто така претседателот на ЗНМ, Селмани, „дно“.
Претходно и неговиот брат го нападна Селмани.
Интервјуто, Мактел го прави во време кога, Беќир Асани е во центарот на уште еден скандал со напад и навреди кон полицајка. Полицајката потоа се повлече со објаснување дека се удрила од пакај возилото кое требало да го подигне возилото кое Бекири непрописно го поаркирал.