Во индиска болница наместо перница, ставиле отсечена нога

Директорот на болницата Садна Каушник изјавил дека на пациентот „веднаш“ му било пружано внимание, но дека ногата под глава му ја ставил негов роднина.

1606

Во државна болница во индискиот град Џанси суспендирани се двајца лекари откако е откриено дека на 28-годишен пациент, жртва во сообраќајна несреќа, наместо перница под главата му е ставена неговата отсечена нога.

Роднините на тешко повреденото момче, чистач на училишен автобус, кој по несреќата е префрлен во болница заедно со уште 25 повредени деца, изјавиле за индиската телевизија НДТВ дека болничкиот персонал го игнорирал нивното барање да му дадат перница.

Директорот на болницата Садна Каушник изјавил дека на пациентот „веднаш“ му било пружано внимание, но дека ногата под глава му ја ставил негов роднина.

Истрага за инцидентот наредија властите на државата Утар Прадеш, една од најсиромашните сојузни држави во Индија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...