Во експлозија во зграда во Африн во северниот дел на Сирија, загинаа 11 лица – седум цивили и четири припадници на Слободната сириска армија, јави Анадолија.
Бомбата ја поставиле терористи, наведе агенцијата.
Сириските бунтовници од Слободната сириска армија заедно со турските сили влегоа во Африн во неделата и прогласија целосна контрола по осум неделната офанзива против курдските Сили за заштита на народот.
Турција смета дека тие се поврзани со Работничката партија на Курдистан, која е прогласена за терористичка.